Врвна форма за врвни спортски резултати

Голем број професионални спортисти и спортски ентузијасти се повеќе ги користат хипербаричните кислородни третмани за подобрување на својата психо-физичка подготвеност. Професионалните американски NBA и NFL тимови ги користат хипербаричните комори како составен дел од физиотерапевтските третмани на своите играчи.

Зголемената концентрација на кислород во телото помага за елиминирање на млечната киселина која е одговорна за заморот при вежбање и натпреварување.

Хипербаричниот кислород исто така помага и во намалувањето на ризикот за појавување на спортските повреди, како и за намалување на времето за заздравување за дури 70 проценти. Отокот, модринките, болката и воспаленијата значително се намалуваат.



AlbaniaEnglishSerbia